Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, вели дека на вчерашниот протест на ССМ се изнесени многу лаги и невистини, бидејќи како што рече тој до ССМ понудиле покачување на платата на административните службеници 8 проценти до 2028 година, со што истата ќе порасне од прилика од околу 40 проценти, додека пак во однос на минималната плата истакна дека таа согласно закон ќе порасне во март со платата во април, но кога ќе постигнат договор работодавачите и работниците, Владата е подготвена да го поддржи и прифати договореното.
Прво и најважно е дека Владата е таа која што посредува во оној бипартитен дијалог помеѓу работодавачите и работниците и тоа е принципиелно и зрело однесување и така треба да се однесува секоја влада.
Второ, принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник кој што демократски излегува и го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник кој што сака повисока плата, треба да се поддржи.Трета работа, раководството на ССМ и неколкумина вчера изнесоа многу невистини, лаги, конструкции, но и невистини кои што се резултат претпоставувам на нивната бујна фантазија, но и фрустрација која што ја имаат во своите соништа. И тоа не заслужува коментар, ние не треба да го коментираме.
Јас сум сериозно разочаран од тие кои што треба да се авангарда и водачи и пред се луѓе со интелектуална самосвест. Но вчера видовме на отворена сцена дека се целосно политизирани, инструментализирани и водени од гнев и омраза, најмногу кон мене и оваа влада“, истакна Мицкоски.
Четврта работа, велат оваа Влада треба да ни помогне во остварување на нашите права, бидејќи е најголем работодавач. Точно е, владата е најголем работодавач и затоа владата бидејќи е влада која што е одговорна кон своите колеги, кон граѓаните, уште на почетокот на својот мандат потпиша Колективни договори за периодот кој што пледира да биде влада 2024-2028 година. Потпишавме Колективен договор со синдикатите од областа образованието, науката и културата за период од 4 години, со синдикатите од областа на здравството, за лекарите и здравствените работници. Повисока плата добија вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, центрите за социјална работа, голем дел институции, агенции, регулаторни тела итн., што ќе рече некаде од прилика 95 проценти од вкупниот број на вработени. Значи ние со нашите вработени, со нашите колеги сме имале дијалог и тој дијалог сме го заокружиле со Колективен договор за 4 години. Ние не преземавме обврски за после 2028 година. Така што да сумирам ние како работодавач сме одговорни и заедно со претставниците на нашите колеги сме си ги регулирале односите“, изјави тој и додаде:
Повисоки плати треба да се бараат и треба секој што бара повисока плата да се поддржи. Но, не е таа адреса Владата, бидејќи ние сме ги регулирале односите со нашите колеги. Тоа треба да бидат работодавачите, но и оние кои што 7 години беа влада и ја крадеа и опустошува оваа држава, вклучително и работниците, го рекетираа бизнисот, го уценуваа бизнисот. Тие се тие кои што се вистинската адреса за протест. И кога таква ќе биде траекторијата на друга адреса, тогаш јас ќе речам во ред, овие не се инструментализирани и политизирани. Но, оние пораки кои што вчера ги слушнав немаа никаква врска со вистината, а тоа го знаат членовите на мојот кабинет кои што беа присутни на тие состаноци.
Петто, околу административните службеници, ние им понудивме уште минатата година која што се уште е на маса, сега за периодот од март, односно платата во април 2026 до март, април 2028, тоа се 2 години и 2, 3 месеци. Што е тоа кое што го понудивме? Моменталната плата да биде основица која што сега секако ќе се зголеми за минималната, и тој збир да се зголеми за 8 проценти, сега во април 2026, следната година повторно да се зголеми за минималната плата и тој збир со нови 8 проценти. Повторно во 2028 година да се зголемат со минималната плата и повторно тој збир да се зголеми за 8 проценти. Што ќе каже дека од април оваа година до април 2028 зголемувањето ќе биде околу 40 проценти, со потпишување на индивидуални или гранкови колективни договори. Имаме еден услов, општиот Колективен договор е истечен, но факт е дека и покрај тоа што е истечен до носење на нов, овој останува во сила. Барем само делот кој е збунувачки и нејасен за плати, да го избришеме и да преговараме нова формулација која ќе биде унифицирана, затоа што сега имаме 4-5 документи кои што административните службеници се повикуваат. Доволен период имаме 3 години да испреговараме и после 2028, односно 2029 година да биде сето тоа унифицирано. Од ССМ го одбија, затоа што тие се потписници кога имаа монопол во репрезентативноста на синдикатите со поранешната влада. И велеа како ние сме го потпишале, како сега ние ќе се бришеме. Ете ова е вистината“, нагласи Мицкоски.
Ова стои на маса до сите административни службеници 7700 се во моментот. Кога ова ќе се реши 99 проценти од нашите колеги ќе имаат регулиран однос со нас како влада, како работодавачи. Ова стои на маса, подготвени сме веднаш да го потпишеме и прифатиме“, дециден е Мицкоски.
А во дел на минималната плата, согласно закон, бидејќи ние мораме по закон да постапуваме ќе има сега зголемување. И првиот момент кога работниците и работодавачите ќе се договорат ние како странка тоа ќе го поддржиме и примениме“, заклучи премиерот Мицкоски.
