Мицкоски одржа работна средба за практични и одржливи политики

Денеска, премиерот Христијан Мицкоски одржа работна средба посветена на реформската агенда, со посебен акцент на конкретни мерки за зајакнување на институционалните капацитети, владеење на правото и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Реформскиот процес не е само формална заложба, туку одговорност што подразбира континуирана работа, транспарентност и партнерство. Тоа е пат кој бара јасна стратегија и посветеност кон долгорочни цели“, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека владата останува фокусирана на спроведување практични и одржливи политики кои носат конкретни резултати за граѓаните.

„Остануваме посветени на реализација на мерки кои директно го подобруваат секојдневниот живот и ја зголемуваат довербата на граѓаните во институциите“, додаде Мицкоски.