Признание и поттик за заеднички вредности, доверба и партнерство

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на својот престој во Лондон оствари официјална средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.

„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание“, истакна премиерот.

Мицкоски додаде дека средбата претставува признание и почит, но и поттик за продолжување по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.

Во рамките на Берлинскиот процес, кој го организира премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, Мицкоски учествуваше на повеќе состаноци насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

„Во овие разговори се отвораат нови можности за инвестиции и зајакнување на билатералните односи, кои се од клучно значење за идниот развој на нашата држава“, нагласи премиерот Мицкоски.