Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе годишнината од ослободувањето на Скопје.

„Честит 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје! Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода“, честиташе премиерот преку објава на Фејсбук.

Тој воедно порача духот на единството, достоинството и љубовта кон градот да не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир, култура и заедништво.