Премиерот Христијан Мицкоски рече дека очекува намалување на цената на бензините денеска од страна на Регулаторната комисија, по одлуката на Владата за намалување на акцизите. Исто така кажа дека не очекува некоја поголема промена во цената на дизелот.
„Овозможивме Регулаторна комисија денеска ги намали акцизите за дизел од 4 денари по литар, а за бензините од 2 денари по литар. Исто така во разговор со ОКТА, успеавме да обзебедиме дополнителен период од еден месец за попустот од 3 денари за дизел, и 2 денари за безоловен бензин. Кога сето ова ќе се стави во функција, за бензините треба да имаме и поевтина цена, а за дизел не би требало да имаме покачување на одредени бензински пумпи, и покрај тоа што имаме сериозна предизвикувачка состојба во државата“, рече Мицкоски.
Премиерот кажа дека состојбата со резервите е стабилна.
„Од аспект на количини сме стабилни. Зголемена е потрошувачката од 1,5 милиони литри на 2 милиони литри на ден. Имаме притисок од пограничните места. Ја продолживме мерката од 18 до 10 проценти ДДВ, се со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисот“, вели Мицкоски.
