Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 17.09.2025 година (среда), ќе оствари посета на Општина Куманово.
Програмата започнува во 12:00 часот со посета на кланицата БДА Компани, каде премиерот ќе се запознае со тековните активности и работењето на компанијата.
Потоа, во 12:45 часот, Мицкоски ќе го посети најстариот спортски комплекс во градот, Соколана, каде ќе даде изјава за медиумите и ќе разговара за важноста на спортската инфраструктура и нејзиното одржување.