Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Свеченоста е закажана за 9 часот, а во рамките на програмата Мицкоски ќе се обрати пред присутните.
Во Пелинце традиционално се одбележува Илинден, еден од најзначајните државни празници, со кој се оддава почит на борбата за слобода и државност на Македонија.
Поради присуството на премиерот и други владини претставници, сообраќајот кон Пелинце во одредени периоди ќе биде привремено во прекин.
