Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување биле тема на денешната средба на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.
– Денеска, остварив средба со претставничката на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка. На средбата разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување – објави премиерот на својот профил на „Фејсбук“.
