Премиерот истакна дека Владата бара трајно решение за цените на храната и е спремен на политичка цена за тоа
„Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок“, истакна Мицкоски во одговор на новинарски прашања.
Мицкоски кажа дека нема никаква дилема и дека Владата не сака да донесе популистички мерки, туку трајни и одржливи решенија за цените на храната.
„Праксата покажа дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка во која не треба да западнеме“, потенцираше премиерот.