Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во Крива Паланка по повод завршувањето на реконструкцијата на градската обиколница. Овој проект е дел од пошироката модернизација на патната мрежа долж Коридорот 8.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, „станува збор за многу значаен проект на Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка“.

Новата инфраструктура претставува директна патна врска со граничниот премин Деве Баир, кој според Владата е „главна врска со Република Бугарија“. Со ова се очекува значително да се забрза протокот на возила и да се подобрат трговските врски со соседството.