Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Општина Кавадарци. Ќе изврши увид на градежни активности на изградба на мост преку реката Луда Мара до с. Марена како и увид во градежни активности на изградба на затворен базен, финансиран од Министерство за спорт во износ од 35.500.000 милиони денари.

Премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито од мост Видео Смилевски до Северен булевар и ќе направи увид во градежни активности на фекален колектор Опитно поле.

Како што соопштија од владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.