Мицкоски очекува добра соработка со кандидатот на „Вреди“ – Алиу
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека официјално го добил предлогот Азир Алиу да биде нов министер за здравство. Тој е номиниран од коалицискиот партнер „Вреди“. Најави дека во наредните денови ќе го достави до Собранието за гласање.
- – Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која беше промовиран Оперативниот план за вработување.
Во однос на тоа дали со оваа номинација Владата обезбедува бадентерово мнозинство, премиерот изјави дека условите за тоа ќе се создаваат во зависност од потребата.
Владата со нов Оперативен план за вработување: 40 милиони евра за младите и невработените
За изборот на судии: Нека одговори Судскиот совет
Како одговор на новинарско прашње за апелационите судии Мицкоски истакна дека процесот започнал пред три и пол години.
- – Госпоѓата што прва ја споменавте, која е сопруга на амбасадорот Марковски, кој е дел од мојот кабинет, е прворангирана на тој список. За дополнителни информации и коментари, Ве упатувам на Судскиот совет, кој е надлежен за избор и рангирање – посочи Мицкоски.
Извор: Плусинфо