Мицкоски за градоначалниците што го изневерија порача дека лекцијата е научена и дека грешките нема да се повторат

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес говореше на отворањето на саемот на градоначалници „Четири години работа за тебе“. Во обраќањето Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија нагласи дека „луѓето што сега ја немаат нашата поддршка. Ниту се дел од нашата коалиција, свесен сум дека беа нашиот погрешен избор“.

„Лекцијата е научена. Жалам што за нив го вложив мојот личен кредибилитет, и колективно придонесовме тие да станат градоначалници,“ изјави Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија. „Не само што не ја оправдаа довербата која им ја дадовме, туку ги изневерија и нашите вредности кои сите останати градоначалници ги бранеа со работа и со дела претходните четири години. Едната личност уште еден месец и половина е на чело на градот Скопје, другата на една скопска општина. Но секое искуство е драгоцено за да не се повтори грешката. И тоа нема да се повтори. Најважно е што сега одиме со сигурни кандидати и со сигурни луѓе кои непогрешливо ќе придонесат за развојот на локалните самоуправи,“ нагласи Мицкоски, испраќајќи порака и за следните локални избори.

Според него, извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо. И дека во најголемиот дел изборите ќе се решат уште во првиот круг. Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија додаде дека ниту една функција не е загарантирана. Ниту вечна, и најави дека веднаш после изборите ќе ги отвори вратите од партијата за нови смени и нови луѓе.

„Во владата ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите,“ рече Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија. „Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на владата секогаш и треба зголемен капацитет и посилно темпо за промените што ги правиме. Не сум човек кој ќе ги гледа работите од дистанца. Затоа промените во владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе потврдат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор,“ порача Мицкоски.

Тој во говорот повтори и дека овие избори нема да бидат врата за ДУИ во владата. „Македонија ќе им каже не на ДУИ и СДСМ,“ нагласи Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија.

„Повеќе од јасно е дека ДУИ и СДС имаат таен план, но не за народот, туку против народот. Тоа е сценарио мислено и координирано меѓу овие две партии – сценарио за хаос, за политичка магла и за манипулација. Но, зад оваа игра не стојат само партиските штабови. Во таа намера, длабоката држава на СДС и ДУИ – нивните луѓе распоредени во судството, во изборната комисија, во институциите – денес се во коалиција. Коалиција за да го спречи поразот што ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори,“ изјави Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија.