Премиерот најавува жесток одговор: Ќе одговориме жестоко на дивеењето за секој кој го прекршил законот
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир, коментирајќи ги, како што рече, заканите што пристигнаа од вчерашните протести на Ромите во битолскиот регион.
Разговор со министерот за внатрешни работи
Мицкоски информираше дека утрово разговарал со министерот за внатрешни работи, при што побарал секој што го прекршил законот, јавно се заканувал или го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните, да биде соодветно санкциониран. Тој нагласи дека на ваквите појави ќе се одговори жестоко, со цел, како што изјави, да не се повтори дивеењето од претходниот ден.
Протести и блокади во повеќе градови
Синоќа Ромите протестираа во повеќе градови, меѓу кои Битола, Штип, Кочани и Струмица. Дел од демонстрантите протестираа со палење гуми и блокирање патишта, упатувајќи закани дека ќе се тепаат, откако полицијата им ги одзела возилата поради управување без положен возачки испит. Тие тврдат дека немаат финансиски средства за да полагаат за возачка дозвола.
