Вчера овде во Центар беа нашите противници и освен што кажаа дека ќе не направеле салата на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. Вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе не направат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Центар.
-Знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. СДСМ е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која, впрочем, сам си ја прифати и создаде. А товарот кој сам си го впрегна на грбот е негов. Тој, а да не кажам и неговиот гуру струмички, ја управуваат СДСМ. Јасно е дека Венко покрај помошта од неговиот гуру, од другите во раководството воопшто нема. На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој од нивните пратеници во Собранието ниту било кој друг висок функционер затоа што бродот кој тоне, сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај, порача Мицкоски.
Премиерот вели дека СДСМ се нереформирани, во целосна безидејност, кои не извлекоа никаква поука.