Зголемувањето на пензиите ќе се реализира во две фази – во септември 2025 и март 2026 година.
Зголемување на пензиите за дополнителни 1.000 денари. Исто зголемување ќе следи и во март 2026 година.
Одлуката за зголемување на пензиите, во вкупен износ од нови 2.000 денари, беше донесена на денешната седница, информираше премиерот Христијан Мицкоски.
„Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување: 1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април)“, изјави премиерот.
Тој посочи дека ова е продолжение на досегашното за зголемување на пензиитеод 5.000 денари. Тоа е реализирано во првата година од мандатот.
„Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари. Ова е продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе“, рече Мицкоски.
Според него, пензионерите заслужуваат внимание, почит и поддршка, а Владата ќе продолжи со вакви политики.
„Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка. Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме“, порача премиерот.