Пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“
Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе ја посети Општина Брвеница. Според најавите, првата точка од неговата агенда е присуство на пуштањето во употреба на улицата „Коста Рацин“ во селото Брвеница.
Овој проект е реализиран со финансиска поддршка од Владата. За изградбата се издвоени средства во висина од 9.211.939 денари.
По настанот во Брвеница, Мицкоски ќе присуствува и во селото Милетино. Таму ќе биде пуштена во употреба улица што се протега од потегот Алумина до Домот.
Според информациите од владината прес-служба, по овој настан е предвидено Мицкоски да даде изјава за медиумите.
Проектот во Милетино опфаќа комплетно асфалтирање на улицата. Дел од средствата, во износ од 5.425.315 денари, се обезбедени од Владата. Другиот дел од вкупно 11.000.000 денари е обезбеден од буџетот на Општина Брвеница.