Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во државата се случува тотален колапс во сите сфери.

Премиере сивата економија ви цути, инфлацијата јаде живи луѓе, собранието ви гласа заеми за плати, здравството е во колапс, образованието не образува никој оти нема книги, историјата ви ја дискутираат на кафе пиење по комшии, животната средина ви стана дива сеча и јами за отпад, вели Мизрахи.

Мизрахи нагласи дека со промена на власта ќе има одговорност за владеењето на СДС и Ковачевски.

Ковачевски вие не бркате никакви ЕУ иднина. Вие само ја матите водата, што поматна мислите дека ќе имате повеќе шанси за бегство, истакна таа.

Ова ќе заврши. Вистината е дека ништо од минатите 6 години нема да мине без казна, а таа казна ќе биде системска, финансиска и и општествена, му порача пратеничката Мизрахи на Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

 

Треба да внимавате кога добивате подарок особено од некој кој има сериозно и длабоко искуство на тема владеење со систем и подземја и над земја дури и до степен на спојување на двете, му порача Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на Димитар Ковачевски.

Мизрахи го праша Ковачевски дали заборавил кога редовно го посетувал штабот на ВМРО-ДПМНЕ и дали ја заменил реториката ако не можеш да ги победиш, тогаш приклучи им се само за да е блиску до власт па без разлика која и да е.

Оној заменик министер кој седеше со вмровците исчезна преку ноќ, па останува прашањето дали ја игравте реториката ако не можеш да ги победиш, приклучи им се или е истиот рецепт со кој редовно сте ја посетувале белата палата и сте присуствувале на сите настани на ВМРО-ДПМНЕ со насмевка, само да сте блиско до власта па која и да е, рече таа.