Ова не е клучен момент само од аспект на КОВИД кризата, туку и економската и исто така политичката криза во која што се наоѓа државата и лично сметам дека е недолично, неморално и неетички функционерите да ја напуштаат државата за да одат на годишни одмори во моменти кога на државата и се од повеќе потребни. Сепак политичките фигури кои што се во извршната власт се функционалниот дел на оваа држава која што треба да функционира во насока на спасување на државата, во насока на спасување на населението особено во ваква криза, а не да се посветуваат на одмори, рече пратеничката.

Мизрахи додаде дека за ваков чекор што го направија Николовски и Рашковски ќе бидат казнети од граѓаните на избори.

– Да бидам искрена интерпелацијата за Венко Филипче не знам кога ќе биде ставена на дневен ред земајќи во предвид дека ова е веќе трета интерпелација која што е побарана на функционер од власта и се уште првите две не се ставени на разгледување на пленарни седници. Ќе очекувам третата да биде од функционална гледна точка од очигледната потреба истата да се спроведе во Парламентот што побргу ставена, појасни Мизрахи.

Таа посочи дека бројот на заразени и починати лица енормно расте и тоа станува загрижувачки.

– Бројот на заразаени и починати лица станува загрижувачки, во овој момент во Македонија има околу 3.300 лица кои што го загубиле својот живот. Има многу граѓани кои што за жал чекаат да се хоспитализирани. Но има и хоспитализирани граѓани кои што за жал се наоѓаат во критична состојба. Секојдневно гледаме и слушаме по социјалните медиуми колкав број на граѓани бараат помош, но не можат да ја обезбедат таа помош или пак ја добиваат само телефонски, кревети нема, блокиран е системот, медицинскиот персонал е истоштен. Ние сме на некои рејтинг листи на четврто место од долу нагоре гледано по бројот на заболени и бројот на смртни случаи и тоа е поразително, рече Мизрахи.

Мизрахи кажа дека ВМРО-ДПМНЕ понуди неколку пати решенија како да се помогне во здравствената криза, но власта исто толку пати ја одби раката подадена од опозицијата.