Многумина изразија остри реакции по одлуката на Апелација драстично да му ја намали казната на Ангелче Николов, и се прашуваа која е причината судот да донесе ваква одлука, објави Фактор.
Она што е факт, е дека наместо 18, велешанецот кој пијан и на пешачки прегази 11-годишно девојче ќе лежи 8 години затвор.
Оваа одлука Апелација ја донеле на 10 јули, а една недела претходно одржале јавна седница на која присуствувал и овбвинетиот Николов.
Инаку, како што објави тв 24, оваа одлука всушност ја донеле од Апеклациониот суд во состав на судии и тоа Ѓоко Ристов, Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи.
Тие, како што објави ТВ 24, сметаат дека пресудата на велешкиот суд била престрога. Според нив, 8 години биле доволни за воспитно да влијаат врз Николов, иако тој по кобниот настан, избега и два дена се криеше од полицијата.
„Се работи за млад човек, неженет, фактот што досега е неосудуван и постапка за друго кривично дело не се води, придонесот на обвинетиот за ефикасно завршување на кривичната постапка изразена преку признавањето вина за кривичните дела за кои се товари, изразеното каење, даденото ветување дека нема да го повтори тоа што го сторил, подготвеноста да го промени личниот статус и да се вклучи во нормалните текови на здравото општествено живеење, по мислење на советот на овој суд упатуваат на заклучок дека во конкретниот случај и со изрекување поблага казна затвор, односно на единствена казна затвор во траење од 8 години доволно воспитно ќе се влијае врз обвинетиот во иднина да не врши ваков и сличен вид на кривични дела, како и позитивно да се влијае на планот на генералната превенција“, објасниле од Судот.
Судот ги ценеше жалбените наводи дека на обвинетиот може да му се изрече поблага казна и дека вака утврдената казна е неправедна и престрога. Инаку, Николов и претходно бил осудуван за сообраќаен прекршок, откако ја усмртил 11-годишната Магдалена се криел повеќе од 30 часа од органите на прогонот, а потоа сам се пријавил“.
„Ова, ценето во корелација со олеснителните околности, односно дека се работи за млад човек, неженет, досега неосудуван, тоа што признал вина и ветил дека нема да му се повтори, подготвен е да го смени личниот статус и да се вклучи во нормалните текови на здравото општествено живеење по мислење на советот на овој суд, со 8-годишна затворска казна и одземање на дозволата на 5 години доволно воспитно ќе се влијае на обвинетиот во иднина да не врши ваков вид на кривични дела“, констатира Апелација.