Освен важноста на отворањето младински центри во општините, беше нагласена и потребата од издвојување поголеми финансиски средства од буџетот.

-Во Законот за младинско учество и младински политики се дефинирани младинските центри и постои законска обврска за сите општини да овозможат услови за функционирање на барем еден младински центар во рок од 5 години од донесување на законот поминати се две години од тој рок и од таа причина сме тука да ги потсетиме општините дека треба да ја исполнат оваа законска онбврска, донесен е и правилник за тоа како треба да изгледаат овие центри, она што треба да се напомене е дека во согласност со овој правилник и во согласност со Законот општините треба да овозможат простор каде младинските центри ќе бидат сместени, изјави Драган Атанасов, генерален секретар на сојуз за младинска работа.

Додаде дека тоа е простор кој треба да е доволно голем и функционален за младите луѓе квалитетно да го поминуваат времето да се дружат, но и да се едуцираат.

Порача дека општините треба да обезбедат минимум 600.000 денари за овие центри.

-Согласно нашите анализи нашата препорака е општините да одвојат минимум 600.000 денари годишно за функционирање на овие центри.Со помалку од овој износ не може да функционира квалитетно младинскиот центар, истакна Атанасов.

Додаде дека општина Кавадарци засега е единствена која ја има спроведено целосно постапката за создавање на потребните услови, а на општините Куманово, Пробиштип и Велес им порача да ја довршат започнатата постапка.

На пресот воедно беше истакнато дека Агенцијата за спорт има обезбедено средства да опреми дополнително 20 младински центри во наредната година.

-Да им излеземе во пресред на младите, да ги ортвориме што поскоро, да им ги обезбедиме тие простори што им се потребни за да работат и да делуваат, агенцијата во соработка со сојузот и националниот младински совет  стои на располагање со секаква институционална и логистичка помош на секоја општина која што ќе има потреба за тоа, порача Стефан Степановски, претставник од Агенцијата за спорт.

Целта на младинските центри е да им овозможат на младите просторија во која ќе можат да се дружат, едуцираат и да ги развијаат своите квалитети.