Оценувајќи ги глобалните економски изгледи за 2023 и 2024 година, Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави дека растот е сè уште слаб, но дека може да има позитивна „пресвртница“.
„Конечно гледаме дека растот зајакнува и инфлацијата опаѓа по долг период во кој сè беше сосема спротивно, растот слабееше и инфлацијата растеше“, рече Георгиева во неделата во Дубаи, пред 10-тиот Светски владин самит (WGS), пренесува Gulf News.