Мобинг или вознемирување на работното место постои, но ретко кој пријавува, бидејќи стравува за својата работа. Минатата година на државно ниво се поднесени 48 пријави за мобинг, од кои 33 се од јавниот, а само 15 од приватниот сектор.
Досега само два случаи за мобинг имаат судска разрешница.
Доколку има пријава, тогаш инспекторите постапуваат по претставките за мобинг, но праксата покажува дека мобингот во реалноста тешко се докажува.
Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, со цел заштита и спречување од вознемирување на работа.
Факт е дека во нашата држава мобинг има на работните места, но ретко се пријавува. Ова е заклучокот од теренската работа на невладината “Гласен текстилец“ и анкетираните 980 работнички, во рамки на проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“.