Фармацевтската компанија Модерна соопшти дека добила целосно одобрение од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за примена на нејзината вакцина против Ковид-19 на лица постари од 18 години.
Вакцината доби одобрение за итна употреба во декември 2020 година, а Модерна во август минатата година извести дека е завршена целата процедура за аплицирање за целосното одобрување на вакцината.
Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек доби целосно одобрение во САД минатата година.
Вакцината на Модерна е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји низ светот, вклучувајќи ги и Канада и членките на Европската унија.