-Модерна брзо ќе развие кандидат за вакцина за засилувачката доза специфична за омикрон сојот, се наведува во соопштението на американската компанија.
Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) вчера го класифицираше новиот сој на коронавирус , откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки и високо пренослив вирус“ и го нарече омикрон.
Во истата категорија е и делта сојот на вирусот што стана доминантен во светот.
Бројни земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, ЕУ и други, вчера експресно воведоа ограничувања за патување од земјите во јужна Африка поради новиот сој на вирусот.