Познатата манекенка Емили Ратајковски привлече големо внимание за време на прославата на моминската вечер на нејзината најдобра пријателка во Њујорк. За оваа пригода таа се одлучи за две провокативни модни комбинации, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи.

Емили објави серија фотографии од забавата, каде што можеа да се забележат балони, каубојски шешири и пердуви. За првиот дел од вечерта, манекенката носеше украсени црни панталони и кус топ со реси, кој минимално ги покриваше нејзините гради.

Подоцна во текот на вечерта, таа се пресоблече за организираната вечера во францускиот ресторан „Ле Во д’Ор“, каде што избра црн топ со екстремно длабоко деколте.

„Мојата најдобра пријателка се мажиииии!“, напиша Ратајковски во описот на објавените фотографии на Инстаграм.

Нејзините следбеници на социјалните мрежи упатија голем број пофални коментари за нејзиниот изглед, истакнувајќи дека изгледа прекрасно и впечатливо како и секогаш.

Претходно овој месец, Ратајковски привлече внимание и на црвениот тепих за време на гала-настанот во Лос Анџелес, каде што се појави во фустан од модната куќа „Гучи“ инспириран од античка Грција, кој се одликуваше со висок шлиц, асиметрично деколте и блескав украс на рамото.