Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ е прогласен за најдобар хрватски фудбалер за сезоната 2021/22.
Триесет и шестгодишниот Модриќ наградата ја доби врз основа на гласање меѓу тренерите и играчите во хрватскиот шампионат.
Лука ја освои наградата по 10-ти пат во кариерата и шести последователен пат.
Тој годинава како дел од мадридскиот клуб стана шампион на Шпанија, ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на земјата.
Во сезоната што заврши неодамна Модриќ забележа 45 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи три гола и 12 асистенции.