Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид, ама на само уште една сезона. Оваа информација ја потврди италијанскиот новинар, Фабрицио Романо.

„Новиот договор ќе биде со важност до јуни 2023 година. Проблеми околу неговото потпишување воопшто не постоеја, туку се беше во знакот на завршување на адмонистративниот дел“, напиша најдобро информираниот европски фудбалски новинар.

Модриќ наскоро полни 36 години, а на „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2012 година од Тотнем.