Здравствените власти работат на подобрување на системот „Мој термин“. Се прават консултации за користење на телемедицина или консултации од далечина. Лекарите се жалат дека не можат да ги видат извештаите од колегите, ова особено е проблем каде што прегледите се поврзани. На Институтот за радиологија направена е внатрешна реорганизација, се работи за викенд и втора смена за да се намали чекањето на резултатите.
Министерот за здравство, Арбен Таравари најави дека активно се работи на модернизација на системот „Мој термин“, а дека наскоро ќе има еден ист систем за сите здравствени установи.
Министерот изјави дека ќе има наскоро и дефинитивна одлука.
„На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции“, рече Таравари како одговор на новинарско прашање по посетата на реновираните простории на Универзитетскиот институт за радиологија.
Се отвори и темата за нов тендер за компресорска станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Наскоро ќе биде распишан новиот тендер и ќе се работи активно да се реши случајот.