Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.
Запрашан за став околу оваа ситуација, Мојсовски за „Фокус“ не сакаше да дава дополнителни информации и притоа најави дека во понеделник ќе има прес-конференција на оваа тема.