Молдавската полиција  објави дека неколку часа пред антивладиниот протест уапсила членови на група „контролирана од Москва“ чија цел е да ја дестабилизира таа мала земја од поранешниот СССР.

Откако полицијата извршила претрес во саботата вечерта, приведени се 25 мажи, од кои седум се приведени по сослушувањето, изјави началникот на полицијата Виорел Чернаутеан.

Еден полициски агент успеал да се инфилтрира во група предводена од молдавски Русин.

Според Чернаутеан, уапсените дошле од Русија со многу прецизен план, а тоа се акции за дестабилизација преку антивладини протести.

Партијата на молдавскиот проруски олигарх Илхан Шор, кој е во егзил во Израел, повторно ги мобилизираше своите поддржувачи против проевропската влада во Кишињев, поради големите тензии меѓу Молдавија и Русија, пренесува Хина.

Судири со полицијата

Во центарот на главниот град Кишињев денеска избија судири меѓу полицијата и учесниците на протестот на опозицијата кои се обидуваат да ја пробијат полициската блокада на приодот кон главниот градски плоштад, јавува руската агенција ТАСС, пренесува Танјуг.

Неколку илјади луѓе се во колоната, предводена од пратениците на опозициската партија Шор, кои бараат владата да ги плати сметките за парно и струја, како и оставка од претседателот Санду и од Кабинетот на министри, пренесува РИА Новости.

Според агенцијата, демонстрантите извикувале „Долу диктатурата“ и „Долу претседателката Маја Санду“.

Од минатото лето во Молдавија се одржуваат масовни протести.

Извор: Aljazeera.