Момче од Бихаќ преку социјалните мрежи објави статус во кој се заканува дека ќе направи слично сценарио како во Белград, пренесува N1 Сараево.

Станува збор за млад човек кој е поранешен ученик во мешовитата гимназија Бихаќ.

„Тоа момче кое уби осум деца за мене е крал. Долго време подготвувам такво нешто за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр во Бихаќ, се колнам со животот! Кога сите знаевте да ме осудувате и избегавате, поради тоа ќе има терор“, напиша младиот човек преку социјалните мрежи.

Веднаш следеше соопштението од Мешовитото средно училиште.

„Ги известуваме сите ученици од нашето училиште, како и нивните родители, дека поради ситуацијата настаната поради објавата на нашиот поранешен ученик З.А., нема потреба од паника. Надлежните органи беа соодветно и навреме информирани и реагираа согласно нивните овластувања“, се наведува во соопштението.