„Ни велат овие од преку пат овде и таму од „Илинденска“ дека било тешко и дека немало алтернатива. Вие знаете дека секогаш има алтернатива. Зарем Питу Гули имал алтернатива во 1903-тата. Зарем Гоце Делчев имал алтернатива? Зарем Михајло Апостолски имал алтернатива кога се борел со бугарските фашистички окупатори овде во Македонија? И точно една работа дека нема подобар предлог од овој што сега ни се нуди, но само додека е оваа Влада на власт, само дотогаш нема подобра алтернатива“, истакна Горан Момировски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.
Момировски додаде дека оставка според него не е доволна. Некој за ова предавство мора да одговара.
„Во македонската историја секогаш имало каколо во житото, сме го имале Коте од Руља, да не ги редам тие од постарата генерација, но сега имаме и Љубчо од Делчево, Зоран од Муртино, Стево од Автокоманда, Димитар од Куманово. Секогаш сме ги имале и секогаш сме ги победувале во историјата и сега ќе биде така“, рече Момировски.
Момировски посочи дека предавниците сакаат да ја уништат Македонија со штетни договори.
„Предавниците, тие се тие кои што мораат да одговараат еден ден“, нагласи Момировски.
Тој запраша зошто власта го крие Протоколот од македонската јавност.
„Власта го крие Протоколот затоа што знае дека во него се поништува македонската нација. И од власта знаат дека за тоа нема да им простиме никогаш! За кого се бориме ние овде и сите што се со нас? Не за нас лично, туку за Македонија се бориме“, потенцира Момировски.
Момировски посочи дека денес пратеничката на СДСМ рече дека македонската посебност не е засебна. Дури пратеничката посочи дури дека македонскиот јазик, македонската култура и идентитет не е засебно.
„Пратеничката на СДСМ денес рече дека македонската особеност не е засебна. Па има ли некој да провери дали тие луѓе внатре имаат деловна способност? И никој од власта не се извини да каже извинете грешка направена, гаф направен. Не, затоа што стојат зад тоа, затоа што нивните дела и нивните зборови докажуваат дека нашиот страв и недоверба се оправдани. Го видовме тоа во неколку наврати претходно“, рече Момировски.
Тој нагласи дека поради предавствата на власта граѓаните имаат право да немаат доверба токму во Владата. Од власта немаат никакво чувство на одговорност