Едно од момчињата кои минатиот викенд исчезнаа од плажа во Грција кога беа повлечени од силните морски струи, Иван, преку Фејсбук соопшти дека отворил сметка за донации преку која ќе може да се поддржи потрагата по неговиот другар, Мартин Јовановски, која и натаму трае.

„Јас, Иван, второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата. Ве молам споделувајте:
За донации од Македонија:
200003989311717
Стопанска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Донација за Мартин
Шифра на плаќање : 562
ime: Ivan Gjorgievski
adresa: Ul.Todor ALeksandrov br.4a
1000, Skopje

За донации од странство :
IBAN : MK07200003989312202
SWIFT CODE : STOBMK2X
Stopanska Banka AD Skopje“, напиша Иван на Фејсбук.

Грчките спасувачки служби соопштија дека потрагата, за која вчера истече законскиот рок за такви акции, ќе продолжи и во следните денови, но со намален интензитет.