Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата во наредните денови, кога и учениците се на распуст, да не се оди на работа, со цел да се заштеди енергија.
Во дописот до директорите на училиштата се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно – техничкиот кадар, освен за техничкиот кадар којшто е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштата во периодот од 20 до 26 јануари, кога се користи зимскиот одмор за учениците.
„Оваа препорака се дава со цел да се намалат трошоците за енергија и за електрична енергија во училишните објекти“, се вели во дописот од МОН.