Министерството за образование и наука објави конкурси за доделување стипендии за академски студии од втор и од трет циклус за студиската 2023-2024 година.

Според конкурсите кои МОН ги објави на својата веб-страница, за магистерски студии се предвидени 50 стипендии – 40 за природно-математички или техничко-технолошки науки и десет за општествени науки, во износ од 9.000 денари во траење од девет месеци.

За докторски студии ќе бидат доделени 15 стипендии во висина од 18.000 денари во траење од 12 месеци.

Конкурсите за стипендии за втор и за трет циклус студии ќе трааат додека не се исполни вкупниот број предвидени стипендии.

Во објавените конкурси се наведени условите кои кандидатите треба да ги исполнуваат, потребните документи и начинот на аплицирање и е достапна електронската пријава за соодветните стипендии.