Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично.

МОН потсетува дека, согласно Уставот на Република Македонија како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 161/19 и 229/20), со кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование.

Инаку станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат.