Украина воспоставува привремена поморска рута за одржување на пратки со жито откако Русија се откажа од договорот со кој се дозволува украински извоз на жито преку безбеден коридор, пренесува Aljazeera.
Кремљ објави дека сите бродови кои пловат за Украина во Црното Море сега се потенцијални воени цели. Таа одлука влијаеше на глобалната безбедност на храната, поради што цената на пченицата почна нагло да расте, предупредија ОН. Во оваа прилика пет европски земји побараа продолжување на забраната за увоз на жито од Украина до крајот на годинава.