Од Град Скопје појаснуваат дека мостот првично ќе води по споредните улици од страната на Ќерамидница, а булеварот треба да биде пробиен до јуни 2022 година, со што Аеродром ќе се поврзе со Центар и од таа страна, а намената му е и да ги прифати и донесе возилата до „Ист гејт мол“, каде со изградбата на трговскиот центар и повеќето згради за домување се очекува да гравитираат илјадници луѓе.
Ги разбирам реакциите кои ги видовме по интернет страниците и по социјалните мрежи. Тоа што би сакал да појаснам, а и не беше јасно доволно јасно за граѓаните, е дека овој проект се работи во три фази. Првата фаза е пробивањето на булевар АСНОМ од страната на Аеродром, тоа што веќе го гледаме тука. Втората фаза е мостот Михајло Апостолски, кој што е при крај и може да се види. Третата фаза е пробивањето на булеварот од Керамидница, па се до мостот и како целосно булеварско решение – изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.