Вчера во 15:26 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“ се случила сообраќајна незгода. Помеѓу патнички автомобил „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „хамачи”, управуван од 17-годишник од Кичево.
Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза” во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите. Доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција, се наведува во соопштението од СВР Охрид.