Мотоциклст излетал од патот

Дваесет и едногодишно момче од Куманово загина поради сообраќајна незгода, кога мотоциклот што го управувал излетал од патот, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода. Мотоциклот управуван од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот, а младиот човек починал на лице место, информираше полицијата.

Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.