Повеќе нема место за мртвите во мртовечницата во главната болница во Букурешт, а мртви тела завиткани во црни кеси се редат низ ходниците, објави АП.

19-милионската Романија е високо на врвот по смртност во Европа.  Во последните два месеци во Романија дневно умираат стотици луѓе

По едно село исчезнува секој ден, рече д-р Каталин Цирстоју, раководител на Универзитетската болница за итни случаи во Букурешт. „Што ќе се случи за една недела или еден месец? Поголемо село? Или град? Каде ќе застанеме?

Во оваа источноевропска земја стапка на вакцинација е ниска, вакцинирани се само околу 40 отсто Романци, што е многу под европскиот просек од 75 отсто.

„Ние сме исцрпени финансиски, физички и психички“, се пожали Цирстоју, „сето ова на крајот на денот беше предизвикано од една работа: неможноста на населението да сфати дека мора да се вакцинира“.

Тој рече дека нема да има четврти бран доколку се вакцинираат 70 отсто од населението.

На 2, Романија забележа најголем дневен број на смртни случаи од пандемијата кога беа пријавени 591 смртен случај од ковид-19, повеќе од 90% од нив не биле вакцинирани. Во моментов, 1.870 пациенти со ковид-19 низ целата земја се на интензивна нега, а скоро 51.000 луѓе починале од почетокот на пандемијата.