Професорот Петар Атанасов, екс-заменик министер за образование во емисијата 24 анализа има две објаснувања зошто сме во оваа ситуација и дека имаме уште една епска битка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што завршува на штета на граѓаните.

– Се прави една политичка драма. На локалните избори, СДСМ дожиева голем пораз и наместо мирно да се канализираат резултатите и последиците на ова што се случува, се билда нов конфликт. Секогаш има излез од ситуацијата, а за тоа се одговорни лидерите. Заев сам го констатираше својот политички крај, а потоа пресврт. Тој стана заложник на своето членство и ДУИ и „жртва“ на Европската Унија. – вели Атанасов.