При приведување поради најдена марихуана на жител на тетовско Жеровјане одземено му било и возилото поради истечена регистрација. Тој бил откриен ноќеска во 2:20 часот на регионалниот пат во тетовско Горно Палчиште, информира Тетовската полиција.
-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот Б.Е. од тетовско Жеровјане, затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, исто така, му било одземено и возилото. Б.Е. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Вчера полицијата бележи и уште едно приведивање поради најдена марихуана. Околу 17 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Tетово бил лишен од слобода 20-годишник од градот.