Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пренесува 24 инфо.

Според првичните информации, причина за неговото хоспитализирање е влошување на постоперативна инфекција, по што била потребна лекарска интервенција и болнички третман.

Засега нема официјални информации за неговата моментална здравствена состојба, ниту детали за понатамошниот тек на лекувањето.

Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затвор Скопје.