СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишната А.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело за сторено кривично дело „измама“, извести МВР.

Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но за да ја започне постапката било потребно најпрво да и плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но до пријавувањето на настанот тој не добил виза, соопшти МВР.