Изградбата на детска градинка на земјиште кое според деталниот урбанистички план е превидена изградба на објекти од таков тип, преставувало ризик на националната безбедност на државата. За ова во денешното гостување на утринската програма на Сител ТВ информираше градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски откако општината добила негативно мислење од Агенцијата за разузнавање, институција која е во надлежност на Претседателот Пендаровски, за изградба на нова детска градинка во Аеродром.
Муцунски во гостувањето побара објаснување за тоа како четиригодишните дечиња со фудбалската топка и нивните родители можат да биде безбедносен ризик за државата, а високите кули како „Џеваир“ и другите околни згради не се безбедносен ризик за државата, потенцирајќи дека за истата локација и за истиот објект, претходно Министерството за одбрана веќе дало позитивно мислење.
Тој истакна дека покрај сите пречки со кој се соочува општината, активно се работи на решавање на проблемите со сместувањето на дечињата во Аеродром, а за тоа говори и градинката која се отвори минатата со капацитет од 200 дечиња и реконструкцијата на неколку градинки во текот на оваа година.
-Ние работиме за тие што не гласале, тие што гласале за противникот и тие што воопшто не гласале и сето тоа што ние сме го ветиле ќе го реализираме, но срамно е поради политички теми да се прави блокада на жителите бидејќи избрале градоначалник од политичката партија која не е на власт, истакна на самиот крај Муцунски.