Во споменатиот извештај покрај другото е нотирана фактичка состојба согласно која:
-Спроведувањето на антикорупциските закони на моменти е слабо, при што селективно се таргетираат критичари на власта и престапници од низок калибар. Има кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, обвинителството, судството и многу други државни сектори.
-Законите не се пишуваат врз основа на статистички податоци или анализи и најчесто се донесуваат со користење на скратена постапка. Во извршувањето и на законите недостасува универзалната имплементација, што претставува проблем за бизниснот и граѓаните;
-Бизнисисот се жали за долги и скапи трговски спорови, кои се предмет на судски систем што создава правна непредвидливост;
-Примената на договорите и перцепцијата за не-транспараетни јавни набавки останува предизвик за бинисот, потенцираше тој.
Муцунски посочи дека горенаведените извадоци јасно го потврдуваат фактот дека во последните четири години владеење на СДСМ и ДУИ не можеме да забележиме некој посериозен и позначаен исчекор во реформата на правосудниот систем и јавната администрација, а со цел да се создаде подобро деловното окружување и соодветни услови за унапредување на економските активности.
– Продуктивна, ефикасна и високо конкуретна економија може да се создаде единствено преку деполитизација на правосудството и администрацијата и креирање на соодветни услови во прилог на барањата на бизнис заедницата, што за жал оваа владина коалиција во изминатите четири години не успеа да го направи. Дополнителен доказ во прилог на искажаните аргументи е и фактот дека во овој Собраниски состав кој наскоро ги заокружува активностите од првата година од својот мандат, Владата не понуди ниту еден суштински закон кој на преден план ја има реформата на правосудството и администрацијата. Наведените аргументи упатуваат на едноставниот заклучок дека брзите промени се неопходни, бидејќи без опипливи реформи, без создавање на подобри и предвидливи услови за деловната заедница и обезбедување на поквалитетни и подобро платени нови работни места за нашите граѓани нема да има ниту видливи економски резултати и одржлив економски развој, изјави тој.
Претникот додаде дека големиот број на меѓународни економски, финансиски и инвестициони извештаи за жал само ја потврдуваат суровата реалност во Македонија, која секако дека би можела да биде промената преку беспрекорна, квалитетна, одговорна, чесна и континуирана работа.
– Претставниците на бизнисот, работниците и граѓаните очекуваат да им биде понудена соодветна економска и развојно инвестициска програма, заснована на реално остварливи проекти, кои не само што ќе бидат дополнителен поттик за внесување на нова енергија, туку истовремено ќе ги зголемат и нашите заеднички очекувања, оптимизам, извесност и перспективност во прилог на остварување на поставените стратешки економски цели и приоритети, заклучи Муцунски.