Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, информираат од Министерството.
За време на посетата, министерот Муцунски ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на неговото заминување од функцијата генерален секретар на НАТО. По повод денот на независноста, во седиштето на НАТО во Брисел, ќе биде организиран прием, на кој министерот Муцунски ќе се обрати пред дипломатскиот кор и поканетите гости.
Во рамки на работната посета, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе оствари работни средби со високи претставници на институциите на Европската Унија.