Муцунски рече:

-Сите сме загрижени за состојбите во здравството. Веројатно прв кој треба да даде одговор за ова се здравствените власти, но факт е дека по најголем дел од индикаторите кои што ги имаме за мерење на респонзивноста на државните институции во однос на оваа КОВИД криза, смртноста, бројот на заразени случаи, ние сме постојано рангирани не на ниво на Европа туку веројатно и на глобално ниво сме меѓу последните земји

Муцунски додаде дека ова е само еден дополнителен доказ дека Македонија има многу слабо менаџирање во делот на здравствената криза, и поради тоа надлежните институции во Македонија треба да ги истражат дополнително овие наоди коишто ги има од ваква релевантна институција.